Градски базен се полни, привршуваат подготовките за свеченото отворање и забавата со група „Амадеус“ (фото)
Започна полнењето на базенот за пливање откако заврши уредувањето на просторот околу него. Базенот е бојадисан и уредена е цементната подлога. Уреден е просторот на кој ќе се наоѓаат лежалките за сончање. На металните конструкции се поставуваат тендите под кои ќе функционира угостителскиот дел. Привршуваат работите и во делот „Игротека“ планиран за најмладите посетители, децата.
Концесионерите на Градски базен веќе ги пуштија во продажба билетите за концертот на група „Амадеус“што ќе се одржи по свеченото отворање закажано за петок,16 јуни. По цена од 600 денари билет може да се резервира на телефонските броеви 075/874 930 и 077/502 279. Со самото подигнување на билетите се врши и резервацијата на маса за вечерната забава за која исто како и организаторите така и српската поп група „Амадеус“ посебно се подготвува и ветува добра забава. По повеќе од 10 години ова ќе биде нивни втор настап пред велешката но и публиката од соседните градови како Скопје, Штип, Кавадарци и Неготино како и од Чашка, Градско и Лозово. Поголем дел од масите се веќе резервирани!
Во исто време тече и претпродажбата на билети за летна сезона 2023. По цена од 1.500 денари како велешани така и жителите од соседните општини Чашка,Градско и Лозово ова лето ќе можат секојдневно да се капат и сончаат на Градски базен.
И за резервации и за продажба на сезонските билети контактирајте на погоре објавените броеви!
Убавка Јаневска