Градски базен Велес бара работници,со работа започнува на 16 јуни,годинава

Објавено на 16 мај, 2023 во 10:11

Фирмата концесионер „Градски базен Велес 2023“ започна со реализација на неопходните поправки и уредувањето на градскиот базен. Паралелно со поправките на пумпите и доводот на вода, фарбањето на коритото на базенот се работи и на реновитање на угостителскиот дел како и на игротеката за деца, вели менаџерот Стојанче Илиевски.

-Исто така во моментов започнуваме со екипирање на работниот тим за потребите на ресторанскиот дел. Имаме потреба од келнери,келнерки,кувари,куварки и помошен ресторански персонал. Кандидатите потребно е да имаат завршено средно образование. Секако и почетно искуство за работа во угостителска дејност, додаде Илиевски.

Сите заинтересирани кандидати можат да се јават на моб.тел. број 071 221 601 како и бројот 077 502 279 на Анка Димова. Тие на овие два телефонски броеви кандидатите ќе ги договорат состаноците на кои ќе се запознаат со дополнителните услови за работа.

Огласот за вработување трае до 1 јуни, годинава.

Свеченото отворање на Градски базен е закажано за 16 јуни, со дневна забава и Ди џеј која што ќе започне во 10:00 часот додека вечерта со почеток во 21:00 часот гостите ќе ги забавува групата „Амадеус бенд“.

Исто така започната е продажбата на сезонските влезници кои што до 10 јуни, ќе можат да се купат по цена од 1.500 денари додека потоа по цена од 2.300 денари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.