На денот на општина Градско поклонување и почит пред спомен обележјето на Златко Владов

Објавено на 16 декември, 2017 во 20:34

На централниот плоштад во Градско општината пред девет години му подигна спомен обележје на дваесет и двегодишниот сограѓанин Златко Владов, загинат припадник на Армијата во виорот на војната на поранешните простори на СФРЈ. Владов загина на 17 август 1991 година крај местото Купрес во Босна и Херцеговина. Со одлука на Општината и плоштадот го носи неговото име, Златко Владов. Таму секоја година на 16 декември, денот на Општина Градско, традиционално се положува свежо цвеќе и се оддава почит на загинатото младо момче.

Така беше и денеска. Во присуство на таткото на Златко Владов, Лазар неговата сестра Виолета и внукот Христијан Бошкови, Општината потсети на трагичниот настан и посака никогаш повеќе да не се случуваат војни и да не гинат нејзини синови.

На спомен обележјето денеска семејството прво положи свежо цвеќе заедно со секретаркот на Боречката организација во Градско, Вера Кришан. Додека се крстеше и го милуваше спомен обележјето од очите на таткото на Златко, Лазар Владов течеа солзи.

– Никогаш и никому да не се повтори загуба каква што јас сеуште не можам да ја преболам, беа единствените зборови на Лазар.

На спомен обележјето со свежо цвеќе и поклонување почит оддаде и делегацијата на Општина Градско, предводена од Градоначалникот Роберт Бешовски./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.