Граѓани реагираат на неуредените гробни парцели, на што од „Дервен“ ветија интервенција во најбрз можен рок

Објавено на 19 јуни, 2023 во 14:48

Обраснати со трева, гранки и диви дрвца се патеките помеѓу гробните парцели на двете цркви во Велес, се жалат граѓани. Тие имаат забелешка на вработените на ЈКП „Дервен“ на црквите „Св. Пантелејмон“ и „Св. Спас“, за кои сметаат дека не ги одржуваат гробните парцели и особено патеките помеѓу нив.

„Среќни сме ако некоја змија не ни испадне на среде патека. На црквата Св.Спас многу често се случува да бидат пуштени на напасување коњи и крави, па освен што од нив не може да се помине по патеките, треба да го собираме и изметот од животните“, велат граѓаните.

Тие дополнително имаат забелешки на не изнесување кеси со отпад. Но сега во моментов за нив најсериозно е тоа што тревата многу брзо расне и ги затвора пристапите до гробовите. На реакциите од граѓаните Дума.мк побара став од Јавно комунално претпријатие „Дервен“  од каде соопштија дека главна причина за ваквата состојба се обилните врнежи и бујната вегетација.

-Поради обилните врнежи што траат веќе неколку седмици и топлото време, вегетацијата нагло расте и покрај тоа што се коси. Вработените од ЈКП „Дервен“ секојдневно се на терен и ги косат јавните зелени површини во парковите, покрај тротоарите, околу станбените згради и во селата. Ги замолуваме граѓаните за трпение затоа што не можеме наеднаш да искосиме секаде, а тревата расте повторно за само неколку дена, соопштија од ЈКП „Дервен“.

Оттаму додаваат дека во најбрз можен рок ќе биде искосена тревата и зеленилото на градските гробишта во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License