Гром удри во куќа на „Карпа Маале“ вечерва во Велес и го разнесе покривот (фото и видео)

Куќата во којашто се случи електричното празнење, вечерва, околу 21:00 часот се наоѓа на улица „Крали Марко“ во централното градско подрачје во Велес попознато како „Карпа Маале“. Од силината на ударот, проследен со јак звук, разнесен е покривот на куќата. Три противпожарни цистерни се наоѓаат на улица „Архиепископ Михаил“, пред сокакот којшто води кон улицата Крали Марко. Пожарникарите интервенираат со противпожарни апарати во куќата.
Освен пожарникарите и една екипа на Итна медицинска помош се наоѓа во домот на семејството.
Како што првично дознава Дума.мк нема повредени граѓани. Вознемирена била само една жена . -Медицинската екипа е сеуште на терен, соопштија од Итна помош на Здравствен дом Велес, непосредно пред објавувањето на текстот.

Силното електрично празнење се случи додека во централното градско подрачје на Велес вечерва заврна краткотраен дожд
Убавка Јаневска
