„И јас и ти сме пешаци“- кампања за безбедност во сообраќајот на СВР Велес (фото и видео)
Со цел да се спречат сообраќајни незгоди и несреќи предизвикани од невнимателност на учесниците во сообраќајот, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, денеска, на повеќе локации во градот делеа едукативни материјали со пораки за безбедност како на возачите на автомобили така и на пешаците. Поточно, возачите да внимаваат со која брзина го управуваат моторното возило, да запираат пред обележаните пешачки премини и да не користат мобилен телефон при возење, додека, пешаците да бидат максимално внимателни при преминувањето на улица строго на обележан пешачки премин.
На денешната кампања насловена како „И јас и ти сме пешаци“, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, рече дека од овие превентивни активности резултати можат да се добијат само ако сите учесници во сообраќајот доследно ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи.
Во продолжение погледнете го видеото со изјавата на портпаролот Самарџиев.
Стефани Манева
Фото: