Има недостиг на крвна плазма од Крвна група А+, повик за итно дарување

Објавено на 17 јуни, 2021 во 11:39
Службата за транасфузиона медицина во Општа болница Велес

Апел упати општинската организација на Црвен Kрст Велес, во којшто се бара хумани граѓани да даруваат крв од крвната група А+ што е сериозно потребна. Недостигот се појавил во последните денови за што се молат граѓаните на Велес, Чашка и Градско со овој вид на крвна група да отидат во Службата за трансфузиона медицина,  што се наоѓа во Општа болница Велес и да даруваат крв.

-Ве повикуваме веднаш, во текот на денешниот ден да донирате крв во Службата за трансфузиона медицина при Општата болница во Велес. На тој начин ќе дадете голем придонес за лицата на кои им е потребна, апелираат од Црвен Крст Велес.

Освен приоритетната потреба на крв од крвна група А+, се појавува потреба и од крвни крупи со негативен RH фактор односно О-, АБ-.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.