Избирачките одбори го подигнуваат гласачкиот материјал од ОИК Велес, денеска гласаат 69 болни и немоќни граѓани како и затворениците

Во Општинска изборна комисија Велес се подигнува изборниот материјал од страна на Избирачките одбори за утрешното гласање на осмите Локални избори во Македонија. Постапката на подигнување е започната од 7:00 часот и тече без проблеми, соопшти Ребека Бајдевска Ѓошева
Таа додаде дека во текот на денешниот ден, сабота, 18 октомври, својот глас ќе можат да го дадат 69 болни и немоќни лица, во домашни услови, лицата кои издржуваат казна затвор во велешкиот затвор како и лицата кои се сместени во вон семејни установи на територијата на државата.
Според Општинска изборна комисија Велес, на Локални избори 2025, на територијата на општината според Единствениот избирачки список запишани се вкупно 44850 гласачи кои утре, недела, 19 октомври ќе гласаат на вкупно 84 избирачки места. На овие избори единствено има припојување на избирачкото место 2198 од село Р`левци, поради седумте гласачи, со избирачкото место 2201/1 во село Бузалково. Тоа значи дека граѓаните кои имаат право на глас, од селото Р`левци ќе можат да гласаат во село Бузалково.
Граѓаните со право на глас имаат избор од тројца кандидати за Градоначалник на Општина Велес и 10 Листи со кандидати за членови на Совет на Општина Велес.
Убавка Јаневска


