Изгорени две простории од објект и 10 хектари сува трева во вчерашниот пожар во велешка населба Речани

Објавено на 14 јуни, 2024 во 08:36

По три часовната интервенција која започна вчера попладне и заврши вчера вечер во 19:35 часот пожарникарите на ТППЕ Велес го изгаснаа пожарот во велешка населба Речани. Во гаснењето на огнот на пожарникарите им одмагаше силниот ветер. Помагаа и граѓани кои живеат во овој дел на населбата, позади хотел „Монтенегро ревиера“.

Огнот се појавил во простории на стар, поранешен воен објект, склад, и брзо се прошири на површина од 10 хектари со сува трева. Две простории од складот се целосно изгорени.

Според информации на Центар за управување Велес во гаснењето учествуваа шест против пожарни возила и 12 пожарникари на ТППЕ Велес. Тие во текот на ноќта уште еднаш направиле контрола и интервенирале на место кое тлеело и можело да предизвика разгорување на оган.

Пожарот се разгоре вчера попладне околу 16:25 часот. Густиот чад беше видлив од повеќе делови на Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.