Изградба на водоводни линии во населба Речани
Четири водоводни линии ќе се градат во велешката населба „Речани“ преку проектот „Изградба на секундарни водоводни линии за водоснабдување во населба „Речани“. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денеска соопшти дека во сабота на 10 јуни, во Скопје ќе го потпише договорот за реализација на проектот.
-Заедно со Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи и претставниците на ТАФ ТЕПЕ АФЕН – Инвестиционo Градежно и Оперативно Акционерско Друштво од Република Турција со подружница во Скопје ќе го потпишеме договорот. Средствата за изградба на водоводните линии се обезбедени од ТАВ Македонија како противредност на тоа што ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип. Тие средства се доделуваат на општините за изградба на инфраструктурни и други видови на проекти“, додаде Коцевски на денешната прес конференција.
Вкупната вредност на проектот е помалку од 9.000.000 денари.