Излетало возило од патот кон езеро „Младост“, тешко повреден е 71 годишен велешанец кого од автомобилот го извлекувале пет пожарникари
Сообраќајната несреќа се случила, вчера вечер, околу 19:00 часот кога на регионалниот пат Р1102 во правец од село Отовица кон Велес,излетало надвор од коловозот, патничко возило марка „рено“ со велешки регистарски ознаки. Возилото го управувал Р.Т.(71) од Велес.
Во несреќата била отребна асистенција на пожарникарите на Територијалната против пожарна единица. Пет пожарникари спасители го извлекувале повредениот маж од излетаното возило од патот
„ По пристигнување на лице место лицето е извлечено од возилото и предадено на екипа од Итна Медицинска Помош, соопштија од ТППЕ Велес.
Екипа на Итна медицинска помош интервенирала и по укажана прва помош го пренела повредениот возач во Општа болница Велес.
Според портпаролката на болницата, др Билјана Босилкова, по извршените прегледи на лекари специјалисти по хирушки болести било констатирано дека Р.Т се здобил со тешки телесни повреди.
-Лекари специјалисти по хирушки болести ги констатираа тешките телесни повреди над пациентот којшто беше примен, прегледан и препратен на Радиологија каде се направени снимки на Компјутерски томограф на граден кош и на стомах. По добиените резултати пациентот е задржан на болничко лекување. Во текот на денот нему ќе му бидат направени дополнителни иследувања, додаде др Босилкова.
На местото на сообраќајката и по овластување на Јавен обвинител увид извршила увидна екипа на СВР Велес.
Дума.мк