Измамена жена од Неготино, платила за транспорт на мебел којшто наместо во Норвешка бил истоварен во Скопје
Триесет и девет годишна жителка на Неготино, вчера, во Одделение за внатрешни работи Неготино пријавиле дека таа и нејзиниот брат се измамени од едно лице.
Поточно, како што соопштуваат од Сектор за внатрешни работи Велес, според пријавеното тие се договориле лицето да им посредува за транспорт на мебел од Кавадарци до Норвешка, по што на трето лице деле 850 евра за транспортот.
– Како што е пријавено, мебелот бил товарен во возило на 16.11.2023 и од тој момент па до 23.11.2023 лицето ги држело во заблуда дека мебелот е на пат, се до моментот кога третото лице се посомневало бидејќи пријавениот му дал насока мебелот да го истовари во Скопје, но тој не го извршил транспотот и ја известил пријавителката, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк