Јанчев му ги претстави капиталните проекти кои се реализираат во Кавадарци на лидерот Мицкоски
„Во Кавадарци во континуитет комуналната изградба се извршува со голема динамика“ изјави денеска градоначалникот Митко Јанчев кој заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски извршија увид во градежните активности на повеќе локации.
„На улица „Вишешница“, ова е еден од најклучните, а воедно и крупен проект кој го реализираме преку КФВ Германска банка, со вредност од 2.5 милиони евра, од шесте проекти, кои што неодамна ги отпочнавме . Се работи на комплетна атмосферска, канализациона и водоводна мрежа во строгото централно подрачје со должина од еден километар, враќање во првобитна состојба со два слоја на асфалт и уредување на тротоарите на самите улици. Значи после 50 години, Кавадарци трајно ги решава атмосферските води и канализационите мрежи кои што ова строго централно градско подрачје имаше големи проблеми“, изјави Јанчев.
Јанчев и Мицкоски го посетија и Западен булевар, а таму беа и пред 5 месеци кога се започна со реализација на тој капитален проект, со вредност од 25 милиони денари.
„Се работи на учица „Лазар Асијата“. На нејзино пробивање се чекаше повеќе од 30 години. Станува збор за инвестиција од околу 32 милиони денари И тоа се сѐ пари обезбедени од Општина Кавадарци без никакви други донации. И да не заборавиме денеска ќе го посетиме и колекторскиот систем, кој што е во должина од 600 метри, ФИ 800. Тоа го работи јавното претпријатие „Комуналец“ со лични средства, со лична инфраструктура и комплетна нивна работа. Инвестицијата е 9 милиони денари, сакам тоа да го потенцирам и да кажам дека нашето јавно претпријатие е во добра кондиција и е единствено јавно претпријатие кое што само прави такви конструкции од голем аспект. И заедно, впрочем заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, и со претседателот во консултација и на моја иницијатива предложивме да јавното претпријатие „Комуналец“ оваа година, најтешка година земе 13-та плата односно вработените во јавното претпријатие „Комуналец“, покрај тоа што ќе му се исплати К-15“, додаде Јанчев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оцени дека градоначалниците од нивните редови одлично ги реализирале ветените проекти пред граѓаните. Во Кавадарци, нагласи, константно се реализираат проекти, очекувам тоа да продолжи уште позасилено, а новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи тоа.
Aнгел Данов