Јанчев: Рекордна посетеност на Тиквешки гроздобер-испиени над 25 тони вино (видео)
Објавено на 12 септември, 2023 во 15:14
„Неофицијално, за сите три дена имавме над 120 000 посетители или многу повеќе од претходните години. Се зголемуваат и количините на испиено вино, кои според угостителските објекти и винариите надминуваат 25 тони, бело и црвено вино од Тиквешкиот крај.
Ова се нови рекордни бројки на кои што сум особено горд “ рече на денешната прес конференција градоначалникот Митко Јанчев, нагласувајќи дека трите дена од гроздоберот поминаа без ниту еден инцидент или нарушување на јавниот ред и мир.
Ангел Данов