ЈКП Дервен неделава работеле на повеќе активности во градот, исчистени диви депонии, заменети водоводни линии

Објавено на 16 февруари, 2024 во 14:37

Исчистени се дивите депонии на улица „Тодор Јанев“, улица „Благој Ѓорев“ кај жито маркетот позади Авона, потоа на улица „Алексо Демниевски – Бауман“ кај железничка станица и на улицата „Лазо Осмаков“ позади Центар за јавно здравје, информираат од Јавното комунално претпријатие „Дервен“.

Оттаму како активности на коишто работеле изминатата недела ги издвојуваат и завршувањето на реконструкцијата на водоводната линија на улица „Стефан Димитров“, потоа поставувањето на нова водоводна линија во должина од 75м на улица „Камка Тоцинова“ како и поставувањето на канализациона линија со должина од 90м и водоводна линија со должина од 45м во населба Бела вода на езеро Младост.

– Поставени се нови рефлектори на косината кај Здравствен дом, а на Градскиот пазар поставена е поширока врата за овозможување на дотур на роба од страна на закупците на тезги. Расчистено е неорганизирано зеленило и и исчистени се тревни површини на улица „Лазо Осмаков“, улица „Индустриска“, улица „Живко Фирфов“, зелена површина кај салон Симпо и на детското игралиште во населба Тунел, додаваат од ЈКП „Дервен“.

Исто така, во текот на оваа работна седмица биле исчистени и рекреативните површини на езеро Младост.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.