„Јовче Тесличков“ ги отвори вратите за деветоодделенците од велешката и соседните општини (видео и фото)

Наставниците и учениците заедно ги дочекуваа денеска деветоодделенците во СОУ „Јовче Тесличков“. Во школскиот двор им приредија музичка и забава низ едукативни игри, во кои ги запознаваа со економски поими, што се корисни во секојдневниот живот. Потоа заедно влегуваа во училишниот хол на зградата од каде започнуваше промоцијата на струките за идните економисти, правници, дигитални маркетери, администратори и административно канцелариски работници.

Низ подготвени презентации за секој од образовните профили што училиштето ги нуди за учебната 2025/26 година повторно ги водеа и со деветоодделенците разговараа наставниците и ученици кои учат во училиштето.

Директорот Васко Трајковски беше задоволен од покажаниот интерес на деветооделенците за отворениот ден на средното училиште. Им порача зошто треба да го изберат токму ова средно училиште во коешто ќе го продолжат своето образование.

На отворениот ден во училиштето на штандови се промовираа и партнерите каде учениците теоретскиот дел го применуваат во практичен.
Убавка Јаневска
