ЈП „Македонија пат“ од денеска ја активираше зимската служба

Објавено на 29 ноември, 2022 во 15:47
Фото: Архива на Дума.мк

Петте зимски пунктови со 100 вработени на јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска се активни.  Велешката подружница на јавното претпријатие има доволно обезбедени количини на сол, ризла и абразивни средства за почеток на работа во зимски услови.

Според раководителот на велешката подружница Ѕвонко Коцевски, механизацијата е целосно распоредена низ пунктовите кадешто е потребно и се пратат временските услови.

Фото архива: Ѕвонко Коцевски – Раководител на велешката подружница

– Денеска е првиот ден на ставање на службата во зимски услови. Тоа значи дека вработените се распоредени по зимските пунктови. Подружницата во функција ги стави сите пет утоварувачи, 10 камиони, двата скипа, снегочистачот, булдужерот, греинерот како и полутоварните возила. Зимската служба 24 часа ги следи временските услови, додаде Коцевски.

Велешката подружница на ЈП „Македонија пат“ е задолжена да одржува и чисти 700 км од патната мрежа во државата. Поточно во зимски услови треба да бидат исчистени од снег и проодни автопатот од Велес до граничен премин „Богородица“, патните правци до Фариш и до Неготино како и експресниот пат Велес – Штип до село Иванковци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.