ЈП „Македонија пат“ од денеска ја активираше зимската служба
Петте зимски пунктови со 100 вработени на јавното претпријатие „Македонија пат“ од денеска се активни. Велешката подружница на јавното претпријатие има доволно обезбедени количини на сол, ризла и абразивни средства за почеток на работа во зимски услови.
Според раководителот на велешката подружница Ѕвонко Коцевски, механизацијата е целосно распоредена низ пунктовите кадешто е потребно и се пратат временските услови.
– Денеска е првиот ден на ставање на службата во зимски услови. Тоа значи дека вработените се распоредени по зимските пунктови. Подружницата во функција ги стави сите пет утоварувачи, 10 камиони, двата скипа, снегочистачот, булдужерот, греинерот како и полутоварните возила. Зимската служба 24 часа ги следи временските услови, додаде Коцевски.
Велешката подружница на ЈП „Македонија пат“ е задолжена да одржува и чисти 700 км од патната мрежа во државата. Поточно во зимски услови треба да бидат исчистени од снег и проодни автопатот од Велес до граничен премин „Богородица“, патните правци до Фариш и до Неготино како и експресниот пат Велес – Штип до село Иванковци.
Стефани Манева