Кај бегалец од затвор пронајдена дрога, откако ја истепал и сопругата во домот во Велес
Четириесет и осум годишниот велешанец Х.Б кој бил баран од Казнно – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство, вчера, во 21:30 часот од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес бил лишен од слобода.
Како што соопшти портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, околу 19:30 часот од установата било пријавено дека велешанецот не се вратил назад по што биле преземени мерки и по два часа бил пронајден.
-При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари во различни валути и апоени. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал, додава портпаролката Ѓаковска.
Велешанецот бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот од СВР Велес известуваат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк