Кампањата за поддршка на одбојкарите на Европско првенство, од страна на „Кожувчанка“, објавена на CEV!
Објавено на 16 август, 2021 во 16:23
На официјалниот портал на Европското првенство CEV е посочено дека „Кожувчанка“ ДОО, како компанија, несебично ги поддржува и промовира македонските репрезентативци преку својот бренд – „Природната вода Изворска“ .
„Како на нашите одбојкари,така сме горди и на нашата кампања “Ова се нашите Херои” која ја препознаа и на Европско ниво!“, соопштија од „Кожувчанка“ ДОО.