Кавадарчанец со пушка испукал неколку куршуми кон населено место, доби кривична пријава
Објавено на 9 ноември, 2023 во 10:47

Одделение за внатрешни работи Кавадарци, поднесе кривична пријава против седумдесет и едно годишниот Г.Б од Кавадарци поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „предизвикување општа опасност“.
Како што соопштуваат од Министерство за внатрешни работи, кавадарчанецот на 17 јуни, годинава, на место викано „Брушански залив“ на Тиквешкото Езеро од ловечка пушка испукал неколку куршуми кон местото каде има голем број викенд куќи и фреквенција на луѓе.
Дума.мк
