Кавадарчанец возел со 1,99 промили алкохол во крв, направил сообраќајка и завршил во Полициска станица

Објавено на 25 април, 2025 во 13:26
Фото: Архива на Дума.мк

Полициски службеници на Полициското одделение за безбедност на патен сообраќај при Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера вечер, на улица „Западен булевар“ го лишиле од слобода Ж.Л.(53) од Кавадарци.

„Со возилото „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, на улицата предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(58) од Кавадарци и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.99 промили алкохол во крвта. Ж.Л бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило,“ соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License