Заврши гроздоберот: Лозарите незадоволни од заработувачката
Заврши уште еден гроздобер.Дојде крајот на лозарските маки за оваа реколта, но не и за надежта дека од лозјето и грозјето може добро да се живее, вели Златко Стојчев.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=wbBWPYhxqjU&feature=plcp|500|300|0{/youtube}Овој лозар од кавадаречки Сопот вели тешко е да се гледа семејство, да се купи или обнови механизавија, откако ги направил пресметките Биле слични на ланските. Годинава државата на лозарите им организирала порелаксиран откуп, грозјето го продале, но со цената што им ја дале винарските визби повторно не можеле да ги покријат трошоците. На Стојчев извозот му дава малку надеж дека ќе има излез од состојбата.
“Оваа година благодарение на Владата откупот зема некој замав. Пуштија малку повеќе извоз. Грозјето почна да се извезува.Тоа е добро. Сушата го намали родот за 40 %. Јас постигнав цена од 11 за смедеревката и 13 за вранецот, “вели овој лозар.
Стојчев има 22 хектари под лозов насад со најзастапените вински сорти, смедервка и вранец. Не е задоволен од цената по која годинава го продаде родот бидејќи неговата пресметка покажала поголеми трошоци.
“Плаќавме 2 денари за воден надомест , по 2 денари дадовме за кроење, за орање, за врзување и за прскање. Што му остана на земјоделецот. Ние само им правиме услуга на винариите, “ рече Стојчев.
Овој најголем индивидуален лозар во Тиквешко вели дека како регистриран земјоделец имал големи давачки.
“Секогаш ми недостасуваат од 3 до 4 илјади евра или за да платам на водна заедница, па чекам пари од субвенциите за да платам. Неможеме да се покриеме. На 80 денари нафта не се исплаќа да бидеш регистриран земјоделец. Кога не убедуваа да се регистрираме како земјоделци се зборуваше дека ќе има зелена нафта која ќе биде на половина цена од редовната, а не по 80 денари за литар. На еден декар одат по 3 литри нафта само за орање“ рече овој земјоделец.
Стојчев вели дека ниската откупна цена на грозјето била причина да не се обработуваат 30% од лозовите насади во Сопот. Нив лозарите ги чувале само за да земат од државната помош за земјоделците. Нови многу ретко подигале. Економската оправданост го колеба и него.
“Еден декар се нема изорано да се посади лозје. Народот не е заинтересиран“рече Стојчев.
Овој лозар, на почетокот на гроздоберот, проблемите му ги кажа и на заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, од кого побара државата да ги субвенционира регистрираните земјоделци со зелена или поевтина нафта. Тој и сега вели дека помош за лозарите има но за да биде доволна институциите треба да ја делат на вистинските земјоделци .