Црквата Света Петка се гради!
Се интензивира градбата на новиот храм посветен на Света Петка во Кавадарци. Лоциран во новиот центар на градот , во близина на хотелот „Фени“, духовниот храм ќе биде многу поблизок до граѓаните.
Изградбата започна пред две години. Црквата ја гради искусната тајфа на мајсторот Ристо Гроздановски од Мала Преспа, Албанија составена од деветмина мајстори специјалисти за ѕидање со камен. Каменот се набавува од Мариово. Иконостасот е планиран да се изработи од мермер.
Општината бесплатно и го отстапи градежното земјиште на МПЦ на трајно користење. Изградбата на црквата ја помаѓа бизнис заедницата во градот. „Фени индустри“ и „Кожувчанка“ се меѓу поголемите донатори. Има и граѓани кои со поголеми суми на сретства сакаат да го помогнат довршувањето на верскиот објект со цел во него да се случуваат што поголем број на венчавки и крштевки. Верниците во градот пак рекоа дека храмот ќе им биде многу поблизок до домовите особено на тие што живеат во новиот дел, на излезот од Кавадарци кон Росоман и кон Неготино.