Од дизeнтерија почина четиригодишно дете од Кавадарци!
Од дизентерија, во петокот доцна попладне, почина четири годишно дете од Кавадарци, на скопската детска клиника. Детето починало неколку часа откако било донесено во болницата од една од најзаразните болести, рекоа лекарите. За да се спречи можно ширење на болеста во скопската клиниката се спроведува целосна дезинфекција .
На детето, први помош му пружиле лекарите во болницата во Кавадарци. Таму било однесено вчера наутро околу 9 часот од родителите кои кажале дека детето цела ноќ имало висока температура и не можело да диши. Лекарите интервенирале цели три часа но откако не успеале да му ја симнат температурата со медицинска екипа и амбулантно возило го пренеле на детската клиника во Скопје.
„ Детето во болницата било примено околу 9 часот висока температура. Тоа било прегледано, веднаш ставено на инфузија и примило се што имаме на располагање од терапија со која се симнува температурата. Педијатрите постојано го набљудувале и штом лекувањето не ги дало очекуваните резултати одлучиле веднаш да го транспортираат за Скопје,“ рече д-р Лидија Димитрова началник на детското одделение во болницата во Кавадарци.
Според лекарите на скопската детска клиника детето заболело од тешка заразна болест за која како причини се наведуваат лоша лична хигиена и запоставеност.