Лозарите без пари за Нова Година и Божиќ?!
Наближуваат новогодишните и божиќните празници, а лозарите по се изгледа и за овие празници ќе останат без пари.
Голем е долгот на винарските визби кон производителите на грозје. Институциите им ветуваа на лозарите дека доследно ќе се почитуваат законските прописи и првата рата ќе им биде исплатена дваесетина дена по бербата, а втората до нова година, сепак нема ништо од таквите ветувања.
“Очигледно и оваа нова година ќе ја дочекаме со сиромашна трпеза. Веќе навикнавме да мизеруваме иако макотрпно работевме во текот на годината. Визбите ни должат, кој знае дали ќе земеме пари и за Свети Трифун, а не па за нова година и Божиќ. Очигледно е дека визбите се најсилни во оваа држава и никој неможе да ги стави во ред. Има закон за исплата на земјоделските производи тоа за нив не важи“ негодуваат лозарите.
Годинава иако големи колични од грозјето заминаа за извоз, сепак грозје откупија и домашните винарии. Грозјето за извоз се исплаќаше веднаш, но не и откупеното од македонските визби.
Има винарии кои сеуште должат за две- три реколти, а со новиот откуп само им се зголемија долговите кон лозарите.