Петардите можат да повредат!

Објавено на 12 декември, 2012 во 08:00

Полицијата повторно ќе ги советува учениците зошто не треба да си играат со петардите и пиротехничкиот материјал.

“Стоп за петардите“ е мотото на акцијата што секоја година пред новогодишните празници, кога петардите се најпопуларни,  ја спроведува полицијата во сите основни училишта. Но, со овие пиротехнички средства не играат само учениците од основно образование. Многу често и поголемите деца од средно “уживаат“ во нивниот звук и невкусните шеги. Во последно време и возрасните знаат да фрлат некоја петарда пред очите на своите најмили и да ги храбрат да го прават истото.

 

Деновиве на плоштадот во Кавадарци  ќе биде изведена и показна вежба „Симулација на повреда од петарди“ во соработка со општина Кавадарци и Црвен крст.

Според статистиката во Македонија просекот на повреди од петарди за нова година е 10 лица а во светски рамки 150.000 луѓе годишно страдаат од употреба на пиротехнички средства при што голем процент остануваат инвалиди,а 80% од нив се деца.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.