Кавадарци и во зима со редукции за вода!

Објавено на 18 декември, 2012 во 12:51

Стравот од замрзнување на водоводните цевки причина за енормната потрошувачка во декември.

Наместо да се намали, потрошувачката на водата за пиење во Кавадарци и во зима бележи пораст за цели 20% информираат од ЈП “Комуналец“ .  Најверојатно ова се должи на тоа што граѓаните стравувајќи да не им замрзнат ги оставаа чешмите постојано да течат .

“Расипничкото трошење на водата за пиење предизвикувало брзо празнење на резервоарите за вода па притисокот на вода во водоводната линија од средната и високата зона се намалувал. Поради тоа  ја вративме  во сила ноќната редукција за која знаеме  дека е непопуларна но е неопходна за да се задоволат потребите на сите граѓани од доволно вода за пиење“, рече Марјан Прескакулев, роководител на водовод и канализација.

Од “Комуналец“ апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат со водата за пиење, а не да се расфрлаат со неа. Доколку расипничкото трошење им било поради страв од замрзнување потребно е да ги испразнат цевките со тоа што ќе ја сопреле водата од вентилите во шахтите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.