Диверзија на уличното осветлување во Кавадарци!?

Објавено на 22 јануари, 2013 во 11:48

Проболемот со уличното осветлување во Кавадарци е надминат.

Вака информираа денеска од  општината. Екипи задолжени за уличното осветлување во текот на вчерашниот ден интензивно работеле на решавање на проблемот. Уличното осветлување на спорните улици било во функција, а во текот на ноќта линијата се следела и немало никакви проблеми.

 

Постои сомнеж дека се работи за диверзија и човечки фактор е главната причина поради која неколку дена некои делови од градот беа во мрак.  Од локалната самоуправа велат дека состојбата ќе се следи и во наредните денови и доколку има потреба повторно ќе се интервенира.

Веќе неколку месеци во општина Кавадарци се реализира проект за промена на уличните светилки со нови “штедливи“ . Голем дел од градот е осветлен со нови светилки, а се врши и реконструкција на  мрежата за улично осветлување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.