Возел „БМВ“ без возачка, удрил во шкода и повредил тројца луѓе!
Објавено на 24 јануари, 2013 во 18:53
Сообраќајната несреќа ја предизвикало 16 годишно момче, вечерва, на главната улица и во близина на две основни училишта во Кавадарци.
Неговото возило марка „БМВ“ кое го управувал без возачка дозвола удрило во автомобил марка „Шкода“ откако налетал на двајца пешаци кои во моментот на несреќата случајно се нашле на улицата.
Повреден е и возачот на „Шкодата“.
Сите тројца повредени се пренесени во болницата во Кавадарци.
Сообраќајката е пријавена во полициската станица а на лице место се врши увид од страна на увидна полициска екипа.