Кавадарци и годинава ќе закројува на Свети Трифун!
Подготовките за одбележување на празникот на лозарите Свети Трифун веќе започнаа.
Советот на општината ја увои програмата во која се предвидени активностите за одбележување на празникот кога симболично започнуваат лозарските работи. Годинава 10 илјади евра од буџетот се резервирани за празникот.
Имајќи ја во предвид симболиката на овој ден, преку планираните активности за празнување, Локалната самоуправа во координација со Домот на културата “Иван Мазов Климе“ , Музеј галеријата ќе реализира настани со тематики пригодни за Свети Трифун.
Во знак на церемонијално означување на почетокот на закројувањето на виновата лоза и отпочнување на лозарскитеработи, особен акцент се става на зачувување и негување на традициите и обичаите типични за тиквешкиот лозаро-винарски крај.
Програмата за одбележување на празникот покрај традиционалното закројување на винови лози предвидува и изложби со тематики од лозарството и винарството, како и дегустирање на вино и ракија.