Сообраќајна незгода на патот Градско – Прилеп!

Објавено: 19 февруари, 2013, во 13:11 часот

Во директен судир на патничко и товарно моторно возило тешко е повредено едно лице.

Сообраќајната незгода се случи денеска на патот Градко – Прилеп кај селото Фариш. Причините поради кои се случи незгодата засега се непознати, а се претпоставува дека влажниот коловоз и брзината би можеле да бидат главни причини.

Повреден е возачот во патничкото возило со прилепски регистарски ознаки и е префрелен на лекување во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, додека возачот на камионот со кавадаречки таблички е неповреден.

Денешната незгода е втора за само седум дена. Повторно се покажа потребата од поголемо внимание кога се вози на овој патен правец, бидејќи на оваа “црна точка“ се случуваат често сообраќајни несреќи, а честопати и со загуба на човечки животи./ A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.