Македонските вина стануваат „повардарски“!
Географска ознака “Повардарски“ ќе биде поставена на флашираното македонско вино кое ќе се продава низ странските пазари. Ова ознака ќе ја добијат само вината кои ќе ги задоволат критериумите кои се пропишани во спецификацијата на производ.
Како резултат на проектот подржан од ФАО и Европската банка за реконструкција и развој е регистрирано Здружение за заштита на географската ознака за вино “повардарски“.
„Доколку квалитетот на производот е постојан, доколку правилно се промовира Географската ознака и доколку сите учесници во синџирот вклучително винариите и производителите на грозје споделуваат заеднички имиџ и приказна за производот, употребата на Географска ознака (ГО) на етикетите ќе создаде додадена вредност на виното“, рече Фредерик Џулија, Меѓународен експерт за вино.
Создавањето на географска ознака подразбира дека винарите се способни да создадат производи со потекло кои имаат специфични својства, постојан квалитет и се поврзани со местото каде се произведуваат./А.Д