Има ли пари во касата на Кавадарци?

Објавено на 17 ноември, 2013 во 13:34

Ова е прашањето кое е што ја одбележа последната девета седница на кавадаречкиот совет. Опозицијата отворено го праша градоначалникот дали е празна касата , та што не се исплаќале обврските.

Тој одговори дека не била толку празна, колку што им пораснале апетитите на граѓаните за комунална изградба и за социјални трансфери.

 

Народните избраници ја искористија говорницата за своите размислувања, околу трошењето на народните пари. Опозицијата смета дека се трошат непродуктивно, а градоначалникот, дека парите што се слеваат во касата се  користат одговорно и за развој на градот.

Советниците од СДСМ силно нападнаа дека градоначалникот имал слаба реализација на буџетот, споредено со планирањата. Со таквите констатации, за кои смета дека се тенденциозни, не се сложи градоначалникот. Тој им одговори дека   опозиционерите во своите дискусии имале цел да се додворат на граѓаните и имале популистички настапи. Тој им објасни дека 8 милиони денари имало поголема реализација на буџетот ако споределе со ланскиот.

Не само што имало слаба реализација на буџетот туку слаба била и комуналната изградба, обвинија од опозицијата. Градоначалникот со став дека терминот за одржување на локалните избори не е во прилог на комунална изградба. Бидејќи во време на избори не смеат да се спроведуваат тендери и не смее да се гради- им рече таткото на Кавадарци на опозиционите советници. Смета дека септември е месец кога би требало да има избори за да можеле општините да работат нормално.

Не останаа должни и на ова од опозицијата. Тие му реплицираа дека за време на изборната кампања најмногу се градело и се поставувале камен темелници.

И се така, скоро повеќе од еден час  се надмудруваа, а на граѓаните им остана од снимката која се емитуваше  на медиумите  да заклучат  кој ја збори вистината, а кој манипулира./A.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.