ФОТО: На денот без автомобили во Кавадарци велосипедски марш
Објавено на 22 септември, 2014 во 10:51
150 ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци со своите велосипеди денеска се вклучија во одбелжувањето на меѓународниот ден без автомобили.
Велосипедскиот карван тргна од гимназијата, се возеше низ повеќе улици во градот, кои за време на минувањето на велосипедистите беа затворени за сообраќај. За безбедно да помине денешната акција беше вклучена и кавадаречката полиција, а карванот го обезбедуваше и екипа на итната медицинска помош, а „Кожувчанка„ се погрижи за освежување на велосипедистите./A.Д
