Една заразена и сите останати вработени во Основното јавно обвинителство Кавадарци се во изолација

Објавено: 23 октомври, 2020, во 19:35 часот

jo kavadarci

Поради една вработена во Основното јавно обвинителство позитивна на ковид 19, од вчера сите вработени се во изолација. Обвинителството во Кавадарци е затворено.

 На влазната врата е поставено соопштение дека нема да се примаат странки.  Вчера била извршена целосна дезинфекција на просториите во обвинителството. Додека кавадаречкото обвинителство ќе работи на повик нивните колеги од Основно јавно обвинителство Велес ќе излегуваат таму каде што ќе биде потребно физичко присуство на терен.

Дознаваме дека засега, сите вработени се во добра здравствена состојба, но изолацијата ќе продолжи во наредните денови.

Позитивни на Ковид 19 има и во други институции во Кавадарци , но засега нивните колеги не се во изолација и доаѓаат на работните места./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.