Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци

Објавено на 2 декември, 2020 во 19:49

protest1

2.12.2020

Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираа во Кавадарци, како што беше порачано, да запрела распродажбата на македонските национални интереси од актуелната власт.

„Има некои работи кои што се длабоко во нас, има некои работи кои што се иманентно наше право, има некои работи за кои што некогаш не мора да се разбереме со многу зборови, тука само со една воздушка, со една емоција, со едно чувство, со нешто кое што ќе го осетиме а кое што е безвременско.  Нешто што ние како родители треба да им го дадеме и им го даваме на нашите деца, но и нешто сочувано и изборено кое што ние треба бранејќи го да им го предадеме на нашите деца.  Ние сме во Паркот на револуцијата, браќа и сестри, кои што симболизира во долгата многу вековна наша историја, многу вековна две големи револуции. Една револуција која што почна 1893 година на 23 Октомври и втоа револуција која што почна на 11 Октомври 1941 година“ рече Влатко Ѓорчев.

vmro protest

Тој пред присутните на протестот рече дека поради триесетина мртви дневно од ковид  во Македонија, не оделе на масовност на протестите, туку протестирале со силни чувства и со силни пораки. Дополнително ќе дошло време за масовност.

„Ќе дојде време за масовност, ќе дојде македонската пролет, ќе дојде македонската слобода а ќе дојде и оној силно силно светнал ден за кој зборува Коста Солев, апостолов Рацин, нашиот сакан Кочо Рацин“ порача Ѓорчев и додаде дека неправдата можело да трае најмногу до четири години, а потоа ќе изгреело сонцето на слободата.

„ Ќе дојде победата затоа што народот е незадоволен, затоа што Македонија никогаш не била по опљачкана и по понижена. Ни се случува ужас, но тоа има име и презиме, името и презимето е Зоран Заев околку него се нерзбраните трговци, народот се буди, Македонија се буди и жива е Македонија“ рече Ѓорчев на протестот во Кавадарци.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.