Две лица од тиквешијата починале од Ковид 19 – нови 40 позитивни

Објавено на 6 јануари, 2021 во 11:43

covid19kavadarci

06.01.2021

Повторно повисоки бројки на нови позитивни во тиквешкиот регион, покажува статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци за изминатото деноноќие, заклучно до синоќа.  Дијагностицирани се 40 нови случаи на возраст од 12 до 82 години.

„Во Кавадарци има 30 нови случаи, еден во Росоман, пет во Неготино и четири во Демир Капија. На скопските клиники има починато две лица од Тиквешијата, еден пациент од Кавадарци на возраст од 82 години  и на 66 годишна возраст од Неготино“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

Во ковид центарот на кавадаречката болница се лекуваат 28 пациенти во стабилна општа состојба. Слободни се 32 болнички кревети.

Вчера во Кавадарци се регистрирани 17 оздравени пациенти, а во Неготино 23.

Во Кавадарци од почетокот на пандемијата регистрирани се вкупно 2193 случаи, од кои активни се 500. Во Неготино 1048, а активни се 272 случаи. /AД

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.