Продолжува џоломарската традиција за Василица во тиквешко

Објавено на 14 јануари, 2021 во 10:27

dzolomar

14.01.2021

Иако во поинакви услови од кои сме навикнати, без групирања и официјални прослави и оваа година во Тиквешијата продолжи џоломарската традиција за Василица, која е василичарски пагански обичај кој датира од многу одамна.

Џоломарите се верува дека ги бркаат лошите духови од Тиквешијата. Станува збор за група мажи со кожувчиња и грпки, лица исцрнети со саѓи, стапови и клопотарци со кои прават врева и на тој начин го бркаат злото за да направат пат за добрината. Во групата има и двајца мажи преправени во невеста и баба, кои ги симболизираат плодноста и мудроста.  

Тие така маскирани ги посетуваат домовите на жителите на Кавадарци, Неготино, Демир Капија и околните села, а домаќините се должни да ги примат во своите домови и да ги даруваат.

Обредот во селата Ресава , Бегниште и Сопот има задржано најмногу од својата автентичност, исполнет со архаични дејства, истовремено и верба во магијата да придонесе за благосостојба на луѓето е сеуште изразена, сериозноста со која се изведува овој обред од страна на учесниците, но и фактот дека го чуствуваме духот на Џоломарите .

Само со непосредно присуство на овој обред може да се почуствува неговата вистинска моќ и веднаш да се разјасни дилемата зошто се задржал до денешни дни, со истиот интензитет како што тоа било во минатото. Ова се 12-те некрстени денови каде за време на обредот се е дозволено дури и “безобразлуци“, половиот акт претставува желба новата и млада година да биде плодна.

Џоломарите од овој Етнички предел Тиквеш и нивниот ритуал, заедно со цврстите закони на маскирање, во кое нема никакви импровизации, се е во својата изворна форма со векови, и ништо не смее да се менува, вели Томе Крстевски, кустос етнолог од Кавадарци.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.