Реновирана зградата на полицијата во Кавадарци
05.02.2021
Деновиве заврши реконструкцијата на зградата на ОВР Кавадарци. Целосно се реновирани фасадата и внатрешноста на просториите. Реконструкција на овој објект се врши за прв пат после 40 години.
Министерот Оливер Спасовски при денешната посета на Кавадарци информираше дека за овој проект биле потрошени над 8,5 милиони денари, вработените добиле подобри услови за работа, а граѓаните ќе добивале подобри услуги.
„ Дел од објектот на ОВР Кавадарци беше во многу амортизирана, оштетена состојба, што објективно претставуваше потешкотија во извршувањето на работните задачи на вработените но и во остварувањето на правата на граѓаните на Кавадарци. Горд сум што успеавме во предвидениот рок да ги завршиме градежните активности, кои започнаа во средината на октомври 2020 години и во краток временски период извршивме реконструкција на четири објекти во РСМ што претставува исклучителен резултат“ изјави Спасовски во Кавадарци и најави дека и годинава ќе се извршуваат реконструкции на полициски објекти во ОВР Прилеп, ПС во Крушево и ПО во Чашка и Дојран.
„Ако сакаме да имаме ефикасност во работењето и зголемена безбедност на граѓаните мораме да имаме мотивирана полициски службеници, а да имаме мотивирани полициски службеници првиот предуслов е да направиме добри услови за работење, да бидат добро опремени и да имаат добри економски примања“ рече Спасовски./А.Д