Ковид состојбата во Кавадарци станува алармантна

Објавено на 18 февруари, 2021 во 16:10

janev12318.02.2021

Денеска заседаваше кризниот штаб на општина Кавадарци околу состојбата со ковид 19, која станува загрижувачка. Се полни капацитетот на ковид одделот во кавадаречката болница. Моментално се хоспитализирани 48 пациенти и сите се на кислородна поддршка.

 “Се апелира до граѓаните доколку почувствуваат некои од симптомите на ковид 19 веднаш да се јават кај матичен лекар и да се направи навремена изолација. Се задолжуваат угостителските објекти да воведат менаџери на влез и излез при угостителски објекти,  со цел намалување на ширење на вирусот, сооднос на нивните капацитети. Државниот пазарен инспекторат да врши зачестени контроли во угостителските објекти и истите да ги почитуваат протоколите . Полицијата да врши зачестени контроли пред банки, маркети и други  јавни објекти, за да се почитува дистанцата“ изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев по седницата на кризниот штаб.

На состанокот било утврдено дека вирусот во овој момент во Кавадарци се шири многу брзо и  ако продолжи ваквиот тренд ќе има проблем со капацитет во ковид одделот на болницата во Кавадарци.

Во средина на јануари имаше  само 12 хоспитaлизирани пациенти, но деновиве бројот континуирано се зголемува и сите пациенти се на кислородна поддршка.

Градоначалникот апелираше до граѓаните доколку забележат било какви симптоми кои можат да асоцираат на ковид, веднаш да се обратат кај матичните лекари и да закажат тестирање, бидејќи тестови имало во доволен број./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.