Пет државјани на Р. Албанија нелегално работеле во фирма во Кавадарци

Објавено на 21 април, 2021 во 13:27

policijaKavadarci fin

21.04.2021

Тие работеле без работна дозвола и без регулиран престој, на градилиште на фирма од Кавадарци. Истите биле затекнати од страна на Државен трудов инспектор и биле лишени од слобода.

-Од страна на Судија, на претходна постапка на сите пет лица им се изречени парични казни и мерка протерување и забрана за влез во Република Северна Македонија, во траење од пет години, соопшти Верољуб Додевски, потпарол на СВР Велес.

Во текот на истиот ден, во Полициска станица Кавадарци било пријавено и дека на улица „Тиквешко востание“ се случила тепачка во која Р.Н (55) бил физички напднат од Т.П (41). По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.