Полската амбасада донираше кабинет во основно училиште во Кавадарци (видео)

Објавено на 25 јануари, 2022 во 16:05

Со грант поддршка од амбасадата на Полска во земјава целосно е опремен кабинет по биологија и хемија во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци. Неговата екселенција, амбасадорот Војциех Тицињски имаше работна средба со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев. Во изјава за медиумите нагласија дека соработката ќе продолжи и во наредниот период на други проекти.

Во подрачно училиште „Димката Ангелов Габерот“ во село Сопот во тек се поголеми градежни зафати кои се однесуваат на изградба на комплетно нови тоалети, реконструкција на ходниците и поставување на комплетно нови внатрешни врати, промена на сите подови и реконструкција на ѕидовите и плафоните, целосна замена на електричната инсталација и поставување на ново осветлување во целото училиште.  

„Значително ќе се подобрат условите за изведување на настава, енергетската ефикасност, а учениците ќе добијат современо училиште, во кое се остварува воспитно-образовен процес согласно најсовремените стандарди- велат од локалната самоуправа.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.