Сензорна соба за лицата со попреченост во Кавадарци (видео)

Објавено на 27 мај, 2022 во 16:44

Корисниците на дневниот центар за лица со посебни потреби Кавадарци добија сензорна соба. Со помош на алатки ќе се работи на подобрување на психичкиот развој. Оваа соба е опремена преку проектот „Никој да не биде заборавен“.

Денеска претставници од ЗЕЛС и општина Кавадарци го посетија дневниот центар. Секретарот на општина Кавадарци Тодор Ефремов и директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Весна Дамјаноска најавија дека во тек е процедура за изградба на  регионален центар за лицата со посебни потреби.

А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.