Туниска компанија ќе гради фабрика во Кавадарци
Објавено на 25 ноември, 2013 во 15:45
„Кофикаб“ е името на туниската компанија која ќе гради индустриски погон во Кавадарци наредната година, инвестиција што при вчерашната посета на Кавадарци ја најави премиерот Груевски.
Оваа компанија се занимавала со производство на висококвалитетни кабли за автомобили кои се специфицирани за најпознатите автомобилски брендови
Како што е најавено, фабриката ќе се градела непосредно до капацитетот на „Дрексл маер“, а ќе вработува околу 150 лица. Преговорите на Владата со „Кофикаб“ траеле една година, а конечната одлука за инвестирање паднала летово.
