Кавадаречкото комунално претпријатие поставува водомери со далечинско управување и тајмери со електровентили

Објавено на 20 мај, 2025 во 10:25

Дигитализацијата на ЈКП „Комуналец“ продолжува со поставување на 2.000 водомери со далечинско управување во домовите на Кавадарчани. Монтажата започнува од денеска. Директорот Гоце Ангеловски веста ја соопшти на седницата на Советот на Општината, којашто се одржа вчера, кога членовите на Советот го разгледаа и усвоија Извештајот за  работа на јавното претпријатие во првите месеци од годината. 

Ангеловски најави и активност за рационално користење на водата за наводнување на зелените површини

– Во исто време ќе се монтираат и тајмери со електровентили на поголемите зелени површини за контрола на наводнувањето и рационално трошење на водата, рече Ангеловски. 

Јавното комунално претпријатие ги следи синхронизираните работни налози по пријави во Кол центарот и директно во претпријатието кое со информација одговара на пријавите. Ангелески е задоволен од користењето на граѓаните на мобилната апликација „е- комуналец“ .

– Работиме на дигиталните услуги и во наредниот период ќе има многу нови услуги во делот на дигитализацијата на претпријатието, додаде Ангеловски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.