Казни за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес
Објавено на 27 јуни, 2022 во 09:34
Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патишта вчера, во период од 09:00 до 15:00 часот, за време на акциска контрола на автопат Куманово – Скопје – Велес санкционирала 98 возачи коишто се движат со брзина поголема од дозволената.
-Од нив, 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.