Концесионерот на Тиквешко Езеро примил закани од концесионерот на ЛД „Сафари Македонија“
Објавено на 28 јануари, 2025 во 13:13
Во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, A.M.(70) од Кавадарци, вчера вечер, во 20:12 часот концесионерот на Тиквешко Езеро и рибочувар на езерото, пријавил дека лицето А.Т. од Скопје, којшто бил концесионер на Ловечко друштво „Сафари Македонија“ и ловочувар, му се заканувал.
-Исто така, во 21:05 часот, во Сектор за внатрешни работи Велес, А.Т. телефонски пријавил дека А.М. се однесувал агресивно кон него и му се заканувал, за што поседувал и видео запис. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Стефани Манева