Костов прв добитник на наградата за музика „Филип Стевановски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, наградени се и Светозарев како и Зафирчев
Објавено на 14 јуни, 2025 во 10:58

Оваа година, на 59 Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за прв пат беше доделена наградата за музика „Филип Стевановски“, насловена по трагично починатиот музичар Стевановски, кој животот го загуби во пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани, во време кога беше директор на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип.

Прв добитник на наградата „Филип Стевановски“ е Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на велешки НТ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“.

Исто така наградата за сценографија ја доби Валентин Светозарев и Васил Зафирчев добитник е на наградата за кореографија и сценски движења во оваа претстава.
Убавка Јаневска
