Криумчарот избегал, шест мигранти фатени во близина на Паљурци
Објавено на 1 декември, 2022 во 13:52
Криумчарот на мигранти, вчеравечер околу 22:30 часот, не го запрел возилото марка „сеат алтеа“ со косовски национални ознаки на сигнализирањето на полициската екипа туку продолжиле да возат по регионалниот пат Богданци – Дојран. Тoj превезувале шест мигранти од Сирија кои подоцна полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги пронашла во близина на Паљурци.
Додека полицијата е во потрага по криумчарот, мигрантите се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
Во соопштението од Сектор за внатрешни работи Велес пишува дека се преземале мерки за расчистување на случајот.
Дума.мк